Епидемија на жолтица во Скопје

Епидемија на жолтица денеска е прогласена на територијата на градот Скопје поради зголемениот број заболени лица. Центарот за јавнo здравје информираше дека досега се регистрирани 66 случаи.

Најголемиот број од регистрираните, односно 21 се на територијата на општина Шуто Оризари, девет во Аеродром, осум во Карпош, седум во Центар, шест во Чаир, пет во Кисела Вода, по три во Гази Баба и Ѓорче Петров и два случаи во општина Бутел. Заболените лица се на возраст од 3 до 58 години.