Нападната сунитска џамија во Ирак, 30 жртви

Ирачките власти соопштија дека најмалку 32 лица загинале во напад на сунитска џамија во североисточниот дел на земјата. Безбедносни сили за Ројтерс изјавиле дека шиитски милитанти го извршиле нападот.

Сведоци соопштиле дека бројката на жртви е поголема, но информациите се уште не може да се потврдат. Нападот во покраината Дијала доаѓа за време на меѓуверските тензии во Ирак и додека земјата се соочува со офанзивата на сунитските милитанти од Исламската држава.