ОН-Повеќе од 119 илјади жртви во војната во Сирија

Сириски борци.

Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пилај изјави дека бројката на жртви кои загинале во војната во Сирија изнесува 191 илјада. Според неа, смртните случаи се од почетокот на конфликтот во март 2011 година до април во оваа година. Таа порача дека бројката на жртви е двојно зголемена во последната година. Пилај нагласи и убијците и уништувачите на Сирија биле охрабрени од неактивноста на меѓународната заедница во земјата.