Дестици руски камиони ја преминале украинската граница

Рускиот хуманитарен конвој на украинската граница.

Околу 70 камиони од рускиот хуманитарен конвој ја преминале границата во источна Украина, при што биле придружувани од мала група на проруски бунтовници, јавија медиумите. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека хуманитарниот конвој започнал да се движи кон Луганск и предупреди против било какви обиди за нарушување на неговото движење. Според соопштението, сите оправдувања на украинските власти за задржување на конвојот биле исцрпени.