Хејгел : Исламската држава мора да се порази

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека милитантната група Исламска држава претставува непосредна закана за интересите на Соединетите Држави и мора да биде поразенa. Во изјава за новинарите, тој рече дека таа е повеќе од традиционална терористичка група и оти е подобро вооружена, обучена и финансирана од која било друга неодамнешна закана. Појавувајќи се заедно со Хејгел, претседателот на началниците на Генералштабот, генерал Мартин Демпси рече дека е можно да се затворат милитантите на Исламската држава, но предупреди дека тоа не може да се направи трајно без да се најде нивната група во Сирија. Демпси изјави дека не предвидува американски воздушен напад во Сирија, но според Хејгел сите опции се на маса. До прес конференцијата дојде два дена откако е пуштено видеото на кое се покажува обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоли, кој беше нивен заложник за две години.