Во денешните напади врз Газа, 24 жртви

Оштетена куќа по воздушниот напад врз Појасот Газа.

Најмалку 24 Палестинци загинале денеска во израелските воздушни напади врз Појасот Газа. Меѓу жртвите се и тројцата командати на милитантната група Хамас, која соопшти дека ќе се одмзади за нивната смрт.

Портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри изјави дека Израел нема да успее да ја скрши волјата на нивните припадници или да го ослабе нивниот отпор, при што земјата ќе ја плати цената. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги пофали безбедносните служби за прецизното извршување на нападите.