Двајцата Американци кои беа заразени со ебола се излечени

Двајцата Американци кои беа заразени со вирусот ебола ја напуштиле болницата во Атланта, Џорџија по речиси три недели од медицинскиот третман со експериментален лек. Од болницата потенцираа дека двајцата пациенти не претставуваат закана за јавното здравје.

Еден од пациентите докторот Кент Брентли по неговото пуштање од болницата изјави дека денот е чудесен. Другиот пациент Ненси Вритбол ја напуштила болницата на 19 август. Тие се заразиле со болеста во Либерија.