Ослободени пет работници на Црвен крст во Авганистан

Црвениот крст соопшти дека пет нивни работници кои беа киднапирани во западниот дел на Авганистан се ослободени по преговорите со локалните милитанти. Според организацијата, бил платен откупот за нивно ослободување во покраината Херат.

Авганистанските власти соопштија дека во преговорите биле вклучени и полицијата и племенските лидери. Киднапираните лица меѓу кои двајца возачи и хуманитарни работници не се со нарушено здравје и повеќе не им е загрозена безбедноста.