Шариф не се обрати пред пакистанскиот Парламент

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф го откажа говорот пред Парламентот, откако законодавците едногласно ја донесоа резолуцијата во која е наведено дека оставката на Шариф и распуштањето на Парламенот поради протестите е спротивно на Уставот. Шариф присуствуваше на седницата на Парламентот додека се одржуваа антивладини протести пред зградата за негова оставка. Се уште нема информации зошто Шариф решил да не се обрати пред Парламентот.