Пакистан-Шариф ќе се обрати пред Парламентот за политичката криза

Антивладините протести во Пакистан.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф ќе се обрати во Парламентот во Исламабад за политичката криза во земјата поради антивладините протести на кои се бара негова оставка. Пред говорот на Шариф, долниот дом на Парламентот едногласно ја донесе резолуцијата во која е наведено дека оставката на Шариф и распуштањето на Парламенот поради протестите е спротивно на Уставот. Две оделни групи предводени од опозициските лидери Имран Кан и Тахир ул Кадри протестираат пред зградата на Парламентот.