Убиени тројца команданти на Хамас

Хамас соопшти дека тројца команданти на ова исламистичко палестинско движење биле убиени во израелски воздушен напад извршен денеска во Појасот Газа. Притоа загинале осум луѓе. Советот за безбедност на Обединетите нации изрази сериозна загриженост за обновувањето на непријателствата и побара од двете страни да ги продолжат преговорите за долготраен прекин на огнот. По десетдневното примирје Хамас и Израел вчера ги продолжија меѓусебните напади. Хамас денеска ги предупреди странските авиокомпании да не слетуваат на аеродромот во Тел Авив.