Грчева и Буралиева исклучени од СДСМ

СДСМ по синоќешната седница на Централниот одбор соопшти дека едногласно била усвоена Стратегијата за идно дејствување на партијата и оти исто така едногласно било решено да ги исклучи од членство пратеничките Солза Грчева и Љубица Буралиева поради непочитување на одлуките на највисоките органи и тела на партијата. Како што се наведува во партиското соопштение, во сите дискусии во текот на синоќешната дебата на Централниот одбор била потврдена цврстата решеност за спроведување на ставовите донесени на Конгресот на СДСМ.