Русија тргна од забраната за увоз неколку производи

Русија ги тргна од листата за забрна за увоз од ЕУ производите како млекото без лактоза и други видови на храна кои тешко може да се заменат. Русија го забрани увозот на зеленчук, овошје, месо, риба и млечни производи, поради санкциите на ЕУ за улогата на земјата во кризата во источна Украина. Но, на сајтот на руската влада се објавени 20 производи кои ќе можат да се увезуваат, бидејќи земјата не произведува доволно за да ја покрие побарувачката.