Тужба против БиХ пред Европскиот суд за човекови права

Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Семејствата на 88 исчезнати борци и цивили од Република Српска до Европскиот суд за човекови права во Стразбур поднесоа тужба против БиХ. Според нив, тужбата е бидејќи надлежните органи не успеале да ги пронајдат нивните роднини и поради тоа што ги исцрпеле сите правни акти пред надлежните тела во БиХ. Според најавите, тоа ќе биде прва во серијата тужби, кои по таа основа ќе бидат поднесени до Судот во Стразбур.