Белорусија ја укина забраната за купување добиток од ЕУ

Белорусија во обид да го зголеми извозот на храна во Русија ја укина забраната за купување на жив добиток од ЕУ. Министерството за земјоделство соопшти дека забраната престанува од денеска да важи. Русија на почетокот на агуст воведе ембарго на увоз на месо и друга храна од ЕУ, поради санкциите врз земјата за нејзината улога во кризата во Украина.