Демонстрантите ја блокирале зградата на Парламентот во Пакистан

Антивладини демонстранти.

Илјадници демонстранти се обиделе да го блокираат пакистанскиот Парламент додека законодавците имаат средба со премиерот Наваз Шариф со кој разговараат за политичката криза во земјата. Но, законодавците ја одложиле седницата и заедно со Шариф ја напуштиле зградата од задниот излез. Наредната седница е закажана за утре. До седницата на парламентот доаѓа ден по демонстрациите во Исламабад за оставка на премиерот Шариф.