ОН започнаа акција за помош на расселените во Ирак

Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации започнала операција за помош на над половина милион раселени лица поради борбите во северен Ирак. 4-дневната операција започнала денеска со авионска достава во градот Ирбил, а ќе продолжи со камионски конвои од Турција и од Јордан.

Во меѓувреме, ирачките сили тврдат дека бележат успеси во борбите против милитантите на Исламската држава и оти ги завзеле клучните позиции во градот Тикрит, на 140 километри од Багдад.