Исламистите објавија снимка од обезглавување американски новинар

Милитантите од Исламската држава објавија видео снимка од обезглавување на американскиот новинар Џејмс Фоли, кој беше киднапиран во Сирија во 2012 година од непознати вооружени лица. Снимката со наслов „Порака до Америка“ беше објавена на социјалните медиуми вчера, но сè уште не е утврдена нејзината автентичност. Исламската држава, која има цел да воведе исламски калифат, контролира големи делови од територијата на Ирак и на Сирија. Нејзиното напредување во северен Ирак беше спречено од американските воздушни напади, кои се први по повлекувањето на американските сили од земјата во 2011 година.