Стотици талибанци вклучени во борбите јужно од Кабул

Авганистански војници.

Околу 700 талибанци се наводно вклучени во борбите со авганистанските сили во покраината Логар, која се наоѓа јужно од Кабул. Локалните власти соопштија дека милитантите се вооружени и се подготвуваат за опсада на реонот Чарки. Според нив, досега загинале 20 талибанци во реонот.

Властите посочија и дека талибанците синоќа нападнале контролни пунктови и продолжиле и денеска да се борат со безбедносите сили. Талибанците потврдија дека го напаѓаат Логар.