Уапсени 25 полицајци во Турција

Турскиот претседател и поранешен премиер Реџеп Таип Ердоган.

Турските медиуми јавија денеска дека биле уапсени 25 полициски службеници во рамки на истрагата за незаконски прислушкувања на телефонските разговори на премиерот и новоизбран претседател Реџеп Таип Ердоган. Акцијата била спроведена во дванаесет турски града, вклучувајќи ги Истанбул и Измир.

По претходните слични акции неколку десетици полицајци, вклучувајќи и некои високо позиционирани полициски началници, беа ставени во притвор под обвинение за создавање и раководење со криминална организација.