Израел возврати на нападите од Појасот Газа

Израелската војска извршила серија на воздушни напади врз Појасот Газа. Се уште нема информации за жртви или штета од нападите кои се одговор на ракетите кои претходно беа истрелани од Газа врз Израел. Според војската, Хамас го прекршил примирјето и тие се подготвени да одговорат на агресијата. Израелската војска претходно соопшти дека три ракети биле истрелани од Појасот Газа кои завршиле во близина на јужниот град Биршеба.