Иванов-Потребни се лидери да се соочат со сите предизвици

Претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов на отворањето на петтата школа за млади лидери во Охрид изјави дека светот е многу повеќе поврзан и зависен од кога било во историјата на човештвото и чуствува глобални предизвици. Според него, за животот во таков век потребни се и лидери, кои ќе знаат да излезат во пресрет на сите предизвици што ги носи новото време.

Целта на школата, како што подвлече Иванов, е да создаде луѓе кои ќе растат во височина, кои ќе достигнуваат највисоки критериуми и ќе бидат најдобри во својата област. Тој порача дека потребни се млади луѓе кои ќе имаат самодоверба и ќе знаат да носат одлуки.