Карзаи-Претседателските кандидати да ги надминат несогласувањата

Авганистанскиот претседател во заминување Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател во заминување Хамид Карзаи ги повика претседателските кандидати да стават крај на нивните несогласувања за изборните резултати и да работат заедно за да ја спасат земјата од насилство и економски пад.

За време на говорот по повод одбележувањето на денот на независноста на Авганистан, Карзаи порача дека цела држава се надева оти изборните резултатите наскоро ќе бидат објавени. Според него, жителите на земјата исто така сакаат кандидатите да се согласат на инклузивна влада во која никој нема да биде изоставен.