Иран нема да потпише нуклеарен договор по секоја цена

Иранскиот преговарач Мајид Тахт Раванчи

Иранскиот преговарач Мајид Тахт Раванчи изјави денеска дека неговата земја не е подготвена по секоја цена да постигне нуклеарен договор со кој ќе се стави крај на меѓународните санкции поради нуклеарната програма на Техеран. Според него, доколку другите страни покажат добра волја може да биде постигнат договор пред 24 ноември кога е крајниот рок.

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано изјави дека тој е запознаен со цврстата заложба Иран да соработува за решавање на нуклеарниот спор.