Турција изрази загриженост за наводите за шпионажа

Турските власти го повикале германскиот амбасадор во земјата, Еберхард Пол за да ја изразат својата загриженост за тврдењата за шпионажа. Амбасадорот бил повикан утрината поради информациите кои се појавија во германските медиуми.

„Шпигел“ објави дека владата во Берлин уште во 2009 година побарала од разузнавачките служби да ја шпионираат Турција, која е партнер на Германија во НАТО. Според нив, Турција најверојатно се уште е цел на прислушување.