ЕУ ќе им помага на земјоделците погодени од руското ембарго

ЕУ ќе обезбеди 170 милиони долари за помош на земјоделците кои се погодени од руската забрана на увоз на зеленчук и овошје од Унијата. Русија на почетокот на месецот го забрани увозот на зеленчук и овошје и други видови на храна од ЕУ и западните земји.

Ембаргото е со цел да се одговори на санкциите од ЕУ и западните земји поради улогата на Русија во кризата во источна Украина. Во минатото земјите членки на ЕУ извезуваа годишно овошје и зеленчук вредно стотици милиони долари.