Браната кај Мосул под контрола на ирачките сили

Ирачката државна телевизија јави дека курдските борци и ирачките сили ги истерале милитаните на Исламската држава од најголемата хидроцентрала кај Мосул. Се наведува дека овој успех бил постигнат со помош на воздушни напади. Американскиот претседател Барак Обама вчера изјави дека Соединетите држави извеле воздушни напади против милитантите со цел преземање на контролата врз браната. Исламската држава ги демантира овие наводи, тврдејќи дека браната се уште била под нејзина контрола.