Иран- разговори за нуклеарната програма

Директорот на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија Јукија Амано пристигна во Иран на разговори со претседателот Хасан Рохани за спорната нуклеарна програма. Амано кој пристигна синоќа се очекува да оствари разговори и со министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф а предвиеден е и сосотанок со шефот на иранската агенцијата за атомска енергија Али Акбар Салехи. Иран и светските сили поставија нов рок до ноември за постигнување договор со кој треба да се ограничат активностите во рамки на нуклеарната програма на Техеран, и да се стави крај на економските санкции против Техеран. Привремен нуклеарен договор беше постигнат минатата година. Западот стравува дека иранската нуклеарна програма може да и овозможи на земјата да се изгради нуклеарно оружје. Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели.