Почесна артилериска стрелба по повод Денот на АРМ

По повод 18 август - Денот на Армијата на Република Македонија денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба.Од единицата на артилерискиот баталјон на АРМ ќе бидат истрелани 10 плотуни.

Вчера на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје бeа изложени борбени средства, техника и опрема на Армијата на Македонија.

Армијата на Република Македонија годинава одбележува 22 години од основањето