Јолевски-Армијата ќе функционира и со скратен буџет

Ребалансот на буџетот со кој се кратат 5 милиони евра за армијата нема драстично да се одрази во модернизација на воениот сектор, вели министерот за одбрана Зоран Јолевски на денешната изложба на воена и опрема и техника.

Според него, армијата ќе се фокусира на поголемо учество во мировните мисии на НАТО и Обединетите нации.

Инаку денеска на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје e поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на Армијата на Република Македонија во пресрет на Денот на АРМ - 18 Август. Претставени се материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ, како и транспортниот хеликоптер Ми-8/17.