Тројца индиски државјани ослободени во Авганистан

Националниот директорат за безбедност на Авганистан соопшти дека ослободиле тројца индиски државјани кои биле киднапирани од Талибанците. Во соопштението се вели дека тројцата индиски инженери биле ослободени во денешната безбедносна операција во источната провинција Логар. Тројцата биле киднапирани од талибанските милитанти пред два дена додека патувале кон Кабул. Киднаперите планирале да ги пренесат тројцата индиски државјани во Пакистан.
Десетици индиски државјани се киднапирани или убиени во Авганистан во последната деценија.