Тројца загинати во судири во Египет

Најмалку три лица загинаа, а неколку други се повредени кога поддржувачите и противниците на соборениот египетски претседател Мухамед Морси се судрија по петочната молитва во Каиро. До насилството дојде еден ден откако пет подржувачи на Морси починаа додека се обидуваа да организираат собири за одбележување на првата годишнина од убиството на стотици поддржувачи на Морси од Муслиманското братство. Демонстрациите беа растурени од полицијата а околу 114 демонстранти беа приведени. Морси беше отстранет од египетската војска со државен удар во јуни 2013 година Муслиманското братство е прогласена за терористичка организација од египетската влада.