Директорот на МААЕ во посета на Иран

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано ќе го посети Иран на 17 август во обид да ја унапреди соработката со земјата. Агенцијата ги истражува сомневањата дали Техеран има намера да изгради атомска бомба.

Иран смета дека сомневањата се основани на фабрикувани информации од неговите непријатели и вети дека ќе работи со агенцијата на нивно расчистување. Посетата на Амано доаѓа пред крајниот рок на 25 август за Иран да обезбеди релеванти информации за истрагата.