Контрола врз еболата во западна Африка за шест месеци

Доктори без граници проценуваат дека ќе бидат потребни околу шест месеци за да се стави под контрола еболата во западна Африка. Претседателот на организацијата, Шоан Лиу изјави денеска во Женева дека епидемијата се влошува и се шири побрзо и медицинските експерти не се во можност адекватно да одговорат. Светската здравствена организација во меѓувреме соопшти дека има недостаток на кревети во новиот центар за третман на еболата во западна Африка.