Папата повика на обединување на Корејците

Папата Франциско за време на посетата на Јужна Кореја.

Папата Франциско ги повика Корејците да се молат и да работат на повторно обединување на полуостровот. Папата кој говореше за време на младинскиот собир за време на неговата петдневна посета на Јужна Кореја изрази надеж дека Корејците еден ден ќе се обединат како едно семејство без победници и поразени. Според него, тоа е возможно. Северна и Јужна Кореја се уште немаат потпишано договор за мир по меѓусебната војна од 1950 до 1953 година.