Повреден опозициски лидер на протестите во Пакистан?

Исламабад

Ројтерс цитира портпарол на пакистанскиот опозициски лидер Имран Кан, дека тој бил повреден откако неговото возило било цел на огнен напад, додека ги предводеше анти-владините демонстрации во Исламабад.

Поранешниот играч на крикет Имран Кан и популистичкиот проповедник Тахир-ул-Кадри поведоа посебни протестни маршеви.

И двајцата тврдат дека изборите во 2013 на кои Наваз Шариф стана премиер биле лажирани барајки оставка на владата.