Руски воени возила со Конвојот на украинската граница

Civilians walk past Russian armored vehicles with servicemen atop on a road outside the town of Kamensk-Shakhtinsky in Rostov region, about 30 km from the Russian-Ukrainian border, August 15, 2014

Десетици руски оклопни возила и транспортери се распоредени во близина на границата со Украина, каде што се наоѓа и рускиот конвој со хуманитарна помош. Русија соопшти дека конвојот се состои од 250 камиони со вода, храна и друга помош за луѓето во источна Украина.

Според украински и западни официјални лица конвојот може да биде покритие за руски воен упад, што пак Кремљ го демантира. Ројтерс го цитира портпаролот на украинската граничната полиција, кој изјавил дека голем број граничари ја преминавме границата со Русија за да почнат инспекција на конвојот.

Конвојот од вчера се наоѓа во близина на рускиот град Каменск - Шахтински на 20 километри од границата со Украина. Од денеска тој е придружуван со оклопни транспортери. Во меѓувреме, на новинарите за "Гардијан" и "Телеграф" вчера јавија дека околу 23 руски оклопни транспортери поддржани со логистички возила влегле во Украина од Русија во областа Ростов.