СЗО-Избувнувањето на еболата потценето

Светската здравствена организација соопшти дека опсегот на епидемијата на ебола во Африка е доста потценет и дека се потребни поголеми мерки за справување со смртоносното заболување. СЗО соопшти и дека се координира масовно зголемување на меѓународниот одговор на избувнувањето на еболата од која досега починаа 1050 луѓе. Најмногу од заболените и смртните случаи од оваа болест се во Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја. Ова е и најлошото избувнување на еболата во последниве 40 години. Соединетите држави вчера наредија евакуација на дипломатите и нивните фамилии од Сиера Леоне.