САД и ОН го поздравија повлекувањето на Малиќи од премиерската функција

Соединетите Американски Држави ја пофалија одлуката на ирачкиот премиер Нури Ал Малиќи да не остане на функцијата нарекувајќи ја важен чекор за единството на Ирак. Американскиот национален советник за безбедност Сузан Рајс во соопштението издадено вчера наведе и дека Вашингтон исто така ја поздравува и поддршката на Малиќи на именуваниот премиер Хајдар Ал Абади во напорите за формирањде на нова влада во согласност со ирачкиот Устав. Американскиот државен секретар Џон Кери рече и дека потегот на Малиќи овозможува историска и мирна транзиција на власта во Ирак. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун исто така ја поздрави одлуката и рече дека очекува скоро формирање на инклузивна и широка влада. Малиќи претходно во обраќањето на националната телевизија обелодени дека ја повлекува неговата кандидатура за функцијата во корист на Абади. Тој претходно го одбиваше големиот домашен и меѓународен притисок да даде оставка од премиерската позицијата. Абади беше номиниран за премиер од претсеателот Фуад Масум на 11 август, но Малиќи го нарече неговиот потег ништовен и рече дека ќе оди на суд за да остане на функцијата. 64 годишниот Малиќи беше премиер од 2006 година.