Топло време со температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер, кој во попладневните часови долж Повардарието ќе се засилува. Температурата ќе се движи од 28 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северозападен ветер и со температура до 36 степени.