Украина-Назначен нов министер за одбрана на Доњецк

Игор Стрелков

Властите на самопрогласената република Доњецк во источна Украина назначиле нов министер за одбрана, откако вчера имаше непотврдени информации дека досегашниот вршител на должноста Игор Стрелков бил сериозно повреден. На функцијата е назначен Владимир Кононов. Се уште нема информации за Стрелков кој наводно бил повреден во борбите во источна Украина.