Економскиот раст во еврозоната во застој

Економскиот раст во еврозоната бележи застој во вториот квартал, поради намалувањето на проширувањето на економијата на Германија и стагнацијата на Франција. Застојот е загрижувачки за еврозоната, додека нејзините земји членки се обидуваат да го пресметаат влијанието од санкциите врз Русија, поради улогата на земјата во кризата во Украина. Евростат соопшти дека еврозоната имала нула раст во април, мај и јуни.