Путин-Русија ќе стори се за да запре крвопролевањето во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека земјата ќе стори се што е потребно за да запре крвопролевањето во Украина. За време на средбата со законодавците во Крим тој нагласи дека Русија не смее да се огради од целиот свет, но нема да дозволи некој да ја третира со презир. Според него, Русија мора да се консолидира и мобилизира, но не за војна или било каква друга конфронтација.