Малку веројатна спасувачка мисија за раселени во северен Ирак

САД соопштуваат дека спасувачката мисија на раселените луѓе во Планината Санџар во северен Ирак е малку веројатна, откако се утврди дека таму има помалку луѓе од што претходно се мислеше. Пентагон соопшти дека американските претставници што вчера ја посетија планината информирале дека неколкуте илјади луѓе што живеат таму се во релативно добра состојба. Претходно се мислеше дека таму има десетици илјади малцински Јизиди и христијани во планините. Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел нареди фрлање храна и вода за луѓето што живеат на Планината Санџар и изјави дека американските воздушни напади ги потиснале милитантите од Исламската држава со што им овозможиле на илјадници луѓе да избегаат во планините. САД размислуваат за спасувачка мисија во планините затоа што се мислеше дека ситуацијата е многу лоша. Хејгел рече дека напорите на американската армија ќе продолжат.