Путин ќе се обрати пред владата и пред парламентот на Крим

Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да се сретне со шефовите за безбедност и да се обрати пред владата и пред парламентот на украинскиот полуостров Крим. Од неговиот кабинет соопштуваат дека Путин ќе претседава со седницата на Советот за безбедност во главниот град на Крим, Севастопол, каде што ќе се разговара за домашни прашања, „вклучително и тоа за Крим“ со пратеници од Државната Дума и федерални министри. Путин вчера пристигна во дводневна посета на Крим. САД и ЕУ воведоа санкции против Русија, поради непризнаената анексија на Крим во март, како и поради поддршката од Москва за проруските сепаратисти во источна Украина. Премиерот Дмитри Медведев и спикерот на Државната Дума Сергеј Наришкин се меѓу функционерите што го придружуваат Путин на Крим.