Франција ќе им испрати оружје на курдските сили во Ирак

Францускиот претседател Франсоа Оланд.

Кабинетот на францускиот претседател Франоса Оланд соопшти по барање на курдското лидерство земјата во наредните часови ќе ги снабди со оружје нивните сили во Ирак. Според соопштението, за да се задоволат потребите на курдските регионални власти, Холанд одлучил во соработка со Багдад да испрати оружје. ЕУ вчера не успеа да се договори околу ставот за снабдување на оружје на ирачките курди кои се борат против милитантите од Исламската држава.