Ирак-Малики не сака да се повлече од премиерската функција

Ирачкиот премиер Нури ал Малики.

Ирачкиот премиер Нури ал Малики изјави дека ќе бара од федералниот суд да одлучи дали тој треба да ја напушти функцијата. Претседателот Фуад Масум претходно побара од шиитскиот политичар Хаидар ал Абади да ја формира новата влада. Според Малики, назначувањето на Абади се коси со Уставот. Тој порача дека владата ќе продолжи да функционира и нема да биде заменет на функцијата без одлуката на федералниот суд.