Јацењук-Украина ќе прифати помош само од Црвен крст

Арсениј Јацењук

Рускиот хуманитарен конвој пристигнал покрај украинската граница и покрај предупредувањата од Киев дека нема да доволат пристап на камионите во земјата. Премиерот Арсениј Јацењук ја обвини Русија за цинизам и изјави дека Украина ќе прифати помош само од Црвен крст.

Министерот за внатрешни работи Арсен Авков на фејсбук напиша дека нема да дозволат конвојот да помине во регионот Харкив. Според него, провокацијата од страна на агресорот на нивна територија не е прифатлива.