Убиени 12 украински ултранационалисти

Украинската ултранационалистичка група Десен сектор соопшти дека денеска во заседа биле убиени 12 нејзини членови кои се бореле против проруските сепаратисти во источна Украина. Според Десен сектор, во акцијата на сепаратистите врз еден автобус со нивни членови во близина на Доњецк, имало и неколкумина заробени. Лидерот на Десен сектор Дмитро Јарош најави одмазда за жртвите. Оваа група одигра голема улога во протестите во Киев со кои во февруари годинава беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович.