Самарас: важно античко откритие

„Земјата на Македонија продолжува да се движи и да не изненадува, откривајќи ни уникатни богатства“. Ова го изјави грчкиот премиер Андонис Самарас при вчерашната посета на гробницата, откриена во античкиот град Амфиполи во северниот дел на Грција, додавајќи дека станува збор за исклучително важно откритие. „Гробницата дефинитивно датира од периодот по смртта на Александар Велики, 323 година п.н.е., но не можеме да кажеме на кого му припаѓа“, рече археологот Катерина Перистери. Гробницата е скоро тркалезна и долга 497 метри, а мермерениот лав висок пет метри, лоциран на патот, најверојатно бил во нејзиниот почетокот. Објектот е на брегот на реката Стримон на околу 60 километри од градот Серес. Амфиполис бил важен град во древното македонско царство на Александар Велики. Археолозите исклучуваат дека гробницата му припаѓа Александар кој починал во Вавилон, денешен Ирак. Тие сметаат дека би можело дабиде на некој друг член од семејството. Неговата сопруга Роксана и неговиот син Александар биле убиени во Амфиполис по наредба на неговиот наследник Касандер околу 310 година п.н.е.